Филипче: Состојбата на сите пациенти е стабилна, се чекаат резултатите од седум нови лица

од Ивана Рамаданова
172 прегледи

Седум нови лица се тестираат од корона вирус, информираше на денешната прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, лицата се од Куманово, Штип, Тетово, Охрид и Кичево, додавајќи дека сите престојувале во Швајцарија, Германија и Австрија.

“Остаатите пациенти, меѓу кој и 15-годишното момче се во стабилна состојба. Лицата кој се тестираат се од Штип, Куманово и Тетово кои претходно биле во Швајацарија и Германија. Имаат висока температура и се во изолација. До сега на располагање имаме околу 120 респираторни апарати“, рече министерот Филипче.

Тој посочи дека во Дебар и Центар Жупа, безбедносната состојба во изминатото деноноќие беше стабилна и  дека во текот на ноќта, не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир, нема кражби или други имотни деликти.

 

 

Слични содржини