Филипче: Свадбите се забранети и тие не можат да се прават периодов

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција изјави дека свадбите во престојниов период се забранети и не може да се прават.

„Не може да се собираат граѓаните и притоа да не се почитуваат мерките, тоа е недозволиво“, вели Филипче.

Од свадбата во Скопје, на која имало околу 100 гости, досега се потврдени 14 случаи на Ковид-19. Филипче рече дека во овој случај инспекторите и епидемиолозите се соочуваат со проблем, односно со одбивање соработка.

 

 

Слични содржини