Филипче: Таборизација се случува кога луѓето се чуствуваат исклучени и без глас во партијата

од Nikola Popovski
34 прегледи

Табори во СДСМ повеќе нема да постојат, бидејќи секој член ќе биде слушнат, ова го најави претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во „Топ Тема“ на телевизија Телма.

„Луѓето одат во табризација и се групираат во табори тогаш кога не им се слуша гласот. Треба да им се понуди широка платформа во што поголем број присутни членови, а не само на раководство. Раководствата во следниот период откако ќе се направат и статутарните измени ќе бидат избрани и од самите членови, а самото тоа е акт на слушање на гласот на членовите, како и во градење на други политики, преку често присуство во самите Општински органзиации на целокупното раководство.“-рече Филипче.

Филипче смета дека тоа е лекот таборите во партијата да паднат.

„Сечиј глас ќе биде слушнат. Тоа е мојот план и сметам дека тоа е главната работа што треба да се направи. Тоа го кажуваат самите членови, тоа е на нивно барање. Честото состанување практично е лекот да се стигне до тоа, односно како што јас велам ќе направам реформа на менталитетот“-истакна Филипче.

Слични содржини