431
Од рано утринава отворени се пунктовите за вакцинација против сезонски грип. Заинтересираните граѓани да се пријават на vakcinacija.mk и по СМС порака смс ќе добијат термин, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
-Годинава обезбедивме 40 илјади вакцини наменети за имунизација на ризичните категории на граѓани. Вакцините за нив ќе бидат бесплатни. Дополнително обезбедени се и вакцини за комерцијална употреба, соопшти Филипче.