Филипче: Владата ги влоши односите со Бугарија и нема намера да го продолжи европскиот пат

од Nikola Popovski
28 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт на крилја на предизборната кампања дека „интезивно ќе работат и ќе ја подобрат преговарачката позиција во однос на францускиот предлог“.

-Ветуваа некаква мудра политика и дека тие ќе направат подобра позиција од таа ние ја постигнавме. Сепак, гледаме само влошување на односите со соседите и ниту еден чекор во насока на обид да се направи нешто, во контекст на тоа што го ветуваа. Ако тоа им било дел од стратегијата, не знам што им е мудро во таквата политика. Сметам дека оваа влада не покажа никаква намера за да го продолжиме европскиот пат, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања.

Околу актуелните односи со Бугарија, лидерот на СДСМ вели дека како партија очекуваат час поскоро да продолжат сите неопходни чекори, со цел да ги почнеме преговорите со ЕУ.

-Тоа е обврска на Владата да направат се. Се што е гледаме е само влошување на односите со Бугарија и тоа не оди во прилог на националните интереси, додаде Филипче.

Слични содржини