Филипче за новите рестркции: Не сакаме цела држава да биде во карантин

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче упати апел дека  мора сите да ги почитуваме мерките и  да му помогнеме на здравствениот систем.

„Нема да може да издржи здравствениот систем ако има огромен број на заболени.Целта е да немаме „тврди мерки“, да затвориме се, затоа треба да интервенираме таму каде што се кршат протоколите и тоа што е извор на зараза. Секаде каде имаше настан мерките не се почитуваа и ние тоа го гледаме по епидемиолошките анкети. Целта е да се намали ризикот таму каде што очигледно има трансмисија на вирусот. Затоа се забранува музика, диџеи, се намалува гласноста на музиката на пример, со цел да се држи дистанца и секако намалување на бројот на луѓе кои седат на маса од 12 на 4. Мора да сфатат сите колку е сериозна ситуацијата. Да се свесни дека во периодот којшто е пред нас исклучително е висок ризикот од трансмисија на вирусот во затворени простории. Тоа е поради тоа што не сакаме цела држава да биде во карантин. Гледаме каде има прекршување на мерките и со вакви таргетирани мерки ќе го избегнеме ризикот да мораме да препорачаме целосен карантин“, изјави Венко Филипче во денешното гостување на ТВ 24.

Слични содржини