Филмот „Реплики” во македонските кина

од desk2
160 прегледи

„Реплики” во режија Џефри Нахманоф со Кијану Ривс во главната улога е научнофантастичниот филм кој македонската публика ќе може да го види од средината на месецов.

Во него познатиот невролог Вилијам Фостер, чија сопруга и трите деца загинуваат во сообраќајна несреќа, целосно очаен, со помош на неговиот најдобар пријател и колега научник Ед Витл, одлучуваат да се впуштат во ризичен експеримент – да ги реплицираат нивните тела. Ништо не ги спречува да го сторат тоа, дури и ако мора да одат против целата владина лабораторија, полицијата и законите на физиката…

Во останатите улоги настапуваат Алис Ив и Емили Ајлин Линд.