Финале на СП: Аргентина или Франција, Меси за вечноста, Мбапе за историја

од Vladimir Zorba

Аргентина или Франција, дојде ли моментот Лионел Меси да влезе во вечноста и да застане покрај Диего Марадона или пак Килијан Мбапе, Антоан Гризман и останатите асови на „триколорите“ ќе влезат во историјата како трет тим кој ја одбранил титулата, по Италија во 1938 година и Бразил во 1962 година.

Едно е сигурно – шампионот ќе ја освои третата титула светски првак во фудбал.

Аргентина игра во шестото финале, а трофејот го чека од Мексико во 1986 година, додека Французите мечот за титулата ќе го играат по четврти пат, а трет во 21 век.

Слични содржини