Финска официјално стана членка на НАТО

од Stefanija Kuzmanovska
166 прегледи

Финска стана 31-ва членка на НАТО алијансата, а нејзиното знаме наскоро ќе биде подигнато во седиштето на алијансата.

Шефот на финската дипломатија Пека Хависто денеска во Брисел, во седиштето на Северноатлантската алијанса, потпиша документ за членство на земјата во НАТО, јавува финската телевизија.

Документот беше предаден на американските претставници во седиштето на НАТО, по што Финска официјално стана 31-ва полноправна членка на воената алијанса.

Хависто рече дека чинот на потпишување е „историски“.

Тој наведе дека турските претставници во НАТО истовремено доставиле документи за ратификација на членството на Финска во НАТО до американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Свечената церемонија за прием на Финска во НАТО ќе се одржи денеска во Брисел.

Слични содржини