Фитнес формула: Колку време ви е потребно за да ги видите првите резултати?

од desk2
139 прегледи

Дали сè се базира на должината на тренингот, или има нешто и во квалитетот? Една Јутјуб инструкторка, сертифициран тренер, нутриционист и физиотерапевт, ја открила „тајната врска“ помеѓу вежбањето и неговото траење. А тука има и бонус прашање: Што е поважно, исхраната или фитнесот?

Континуитет

„Континуитетот дава резултати, секогаш и во сè! Ако нештото често и доволно долго го правиш, а притоа изнаоѓаш начин тоа да го засакаш и уживаш во истото, резултатите доаѓаат сами, а со нив се зголемува и мотивацијата.“

Квалитет

„Не е сè во одговорот на прашањето ‘колку време’. Многу е важно што се прави во тој период. Секој треба да има прилагоден план за своето ниво на физичка подготвеност и да работи постепено. Почетник би вежбал трипати неделно по 45 минути, додека јас понекогаш поминувам и 6 пати неделно по еден час вежбајќи.“

Резултати

„Ако се придржувате до одреден план за тренинг и исхрана, за два месеци ќе видите дека има разлика, а после три месеци луѓето околу вас ќе ви поставуваат прашања во врска со вашиот физички изглед. Значи, дадете си три месеци.“

Исхрана

„Што е важно за добра линија – исхрана или физичка активност? Не може да се издвои едно. Буквално. Постојат луѓе кои никогаш не вежбале и не внимавале како се хранат, па кога ќе се активираат и ќе воведат некоја физичка активност во својот неделен распоред, ќе постигнат резултати за брз временски период. Но, ќе има и фаза на стагнација, тоа е оној момент кога ќе ги промените и навиките за исхрана. Ете, дури тогаш телото почнува да се менува на подобро.“