Фон дер Лејен ја осуди саботажата на гасоводот Северен тек

од Stefanija Kuzmanovska

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, рече дека истекувањето на гасоводот „Северен тек“ е предизвикано од саботажа и најави „најсилен можен одговор“ доколку биде нападната активната европска енергетска инфраструктура.

„Разговарав со премиерот на Данска, Фредериксен, за саботажата на Северен тек“, објави на нејзиниот Твитер профил Урсула фон дер Лејен и додаде дека сега најважно е да се истражат овие инциденти за да се добие целосно јасна слика за тоа што се случило и зошто“, јавува „Ројтерс“.

„Секоја намерна закана за активната европска енергетска инфраструктура е неприфатлива и ние ќе возвратиме на најсилен можен начин“, рече Фон дер Лејен.

Слични содржини