Фон дер Лејен: Овие 50 милијарди евра за Украина испраќаат јасна порака до Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Според претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денешниот ден е многу успешен, бидејќи ЕУ ја реафирмирала својата посветеноста да застане зад Украина и да ја поддржи со неопходните финансии.

„Овие 50 милијарди евра испраќаат јасна порака и до Путин на двегодишнината од неговата брутална инвазија“, истакна Фон дер Лејен.

Таа потсети дека од лани во март, па до март годинава, на Украина од ЕУ ќе ѝ бидат испорачани 524.000 парчиња муниција, а до крајот на 2024 тоа количество ќе се удвои на над еден милион, што ќе биде проследено и со зајакнување на капацитетите на европската одбранбена индустрија.

Мишел информира дека на средбата станало збор и за состојбата на Блискиот Исток, при што ја нагласена посветеноста на ЕУ за намалување на ризикот од регионална ескалација, пред се во Црвеното Море, и за продолжување со напорите за безусловно ослободување на заложниците и обезбедување на меѓународна помош за Газа.

Слични содржини