Фон дер Лејен предупреди: Итно да се подготвиме за целосно исклучување на рускиот гас

од Stefanija Kuzmanovska

Шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска изјави дека Европската унија треба да направи итни планови за да се подготви за целосно исклучување на рускиот гас.

Таа рече дека ЕУ мора да излезе со планови за вонредни ситуации и да се подготви за целосно прекинување на испораките на руски гас.

ЕУ веќе воведе санкции кон Русија, вклучително и некои енергетски испораки и се подготвува да се исклучи од руските испораки, но Фон дер Лејен истакна дека блокот треба да биде подготвен за „шокови во снабдувањето кои доаѓаат од Москва“.

– Сега треба да се подготвиме за натамошен прекин на снабдувањето со гас, па дури и целосен прекин на снабдувањето со руски гас – изјави денеска фон дер Лејен пред Европскиот парламент во Стразбур за време на презентацијата на програмата за активности на чешкото претседателство со ЕУ.

Слични содржини