134
Формула 1 преку официјалниот твитер-профил изразува сочувство до семејството на трикратниот светски шампион Ники Лауда кој вчеравечер почина на 70-годишна возраст.
– Почивај во мир, Ники Лауда. Засекогаш ќе останеш во нашите срца, засекогаш ќе бидеме овековечени во нашата историја. Денес, целата заедница на моторспорт ја оплакува големата загуба. Легендата го остави нашиот свет. Сочувство до пријателите и неговото семејство, објави Ф1 на Твитер.
Лауда стана светски шампион во Ф1 во 1975 и 1977 со Ферари и во 1984 со Мекларен.