(ФОТО) 409 куршуми и повеќе видови оружје пронајдени во две куќи во Скопје

од Илинка Илиоска
101 прегледи

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје  вчера извршиле претреси на две локации во Скопје, при што откриле оружје и муниција, а на осомничените им е одреден притвор.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, при претрес во дом на А.М во Скопје биле пронајдени пет куршуми.

При претрес на дом кај Г. М. во Скопје, пак пронајдени биле 409 куршуми, една автоматска пушка со две рамки за неа, еден револвер, три пиштоли и една ловна пушка.

-По завршување на претресите лицата се лишени од слобода, а  по комплетирање на целокупната документација СВР Скопје- ЕНТ поднесе кривична пријава до ОЈО, а судија на претходна постапка на двајцата им одреди по 30 дена притвор, соопшти МВР.

Слични содржини