Анџелина Џоли излезе на прошетка во Малибу со близнаците Вивиен и Нокс.

Тројцата излегоа сами и го посетија ресторанот за био храна “SunLife Organics”. Локалот нуди свежо цедени сокови, шејкови и лесни јадења од сирење, спанаќ, чиа.
Животот продолжува и по крахот во бракот на Анџелина и Бред. Сега Џоли сама одгледува 6 деца. Покрај посвоенитеи Медокс, Захара и Пакс актерите имаат и три биолошки деца. Прво се роди прекрасната Шајло, која сака да се облекува како момче, а потоа и близнаците Нокс и Вивиен. Бракот на Џоли и Пит издржа 11 години.