(ФОТО) Асад до Ердоган: Веднаш ја напушти Сирија

од desk4
161 прегледи

Претседателот на Сирија Башар Асад ja окарактеризира како “загрижувачкa агресија” турската воена операција против курдската енклава Африн на сириска територија. Ова беше објавено од сириската новинска агенција САНА, цитирана од светските медиуми. Според зборовите на Асад офанзивата е дел од политиката, која Анкара ја следи уште од почетокот на кризата, основана на “поддршка за тероризмот и терористичките организации. Турција е тврд противник на режимот на Асад и поддржувач на бунтовниците кои сакаат да го соборат од власт.

Во саботата Генералштабот во Анкара најави почетокот на операцијата “маслиново гранче” против курдските сили во реонот на Африн. Неодамна, турската авијација гаѓаше 153 цели во Африн. Денес, премиерот Бинали Јилдирим рече дека започнала копнената операција. Турските борбени единици веќе влегоа 5 километри во северна Сирија.

Иранската агенција Ирина објави официјална најава дека Министерството за надворешни работи во Техеран ја повика Анкара веднаш да ја прекине операцијата. Според Бахрам Гасеми, портпаролот на агенцијата, продлабочување на кризата во Африн би можела да биде од корист за “терористичките групи во северна Сирија”.

Слични содржини