ФОТО: Данев бараше да се одлучува за забраната за увоз на отпад, па не го гласаше Законот

од Aleksandar Todeski
473 прегледи

„Како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бараме од господинот Талат Џафери денес да ја продолжи 130-тата седница на Собранието на која се наоѓаат измените на Законот за управување со отпад кој што е поднесен од коалиционен партнер на СДСМ и за истиот предходно се изјаснија дека ќе го поддржат, а од друга страна пак заменик министерот за животна средина Јани Макрадули во дебатни емисии кажува дека е невозможно да се забрани увоз на отпад“. Ова е изјавата на на пратеникот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев од собранискиот прес центар на 30 јануари годинава, откако поради дополнително мислење за тоа дали забраната за увоз на отпад би го загрозила договорот со кој земјава исто така извезува отпад, гласањето на Законот беше пролонгирано.

Сепак, кога Законот за управување со отпад дојде на дневен ред и кога се гласаше, Данев одлучил да не гласа за она што претходно го бараше преку прес конференции и обвинуваше дека власта не сака да се донесе, иако Законот беше изгласан од пратеници и од власта и од опозицијата.

На неговото негласање, како што покажува списокот на гласање за Законот за управување со отпад, се приклучиле и Емил Димитриев, Илија Димовски, Елизабета Канческа-Милевска, Магдалена Манаскова, Ванковер Манчев, Димитар Стевананџија и повеќето од пратениците од опозициската партија. „За“ не гласал ниту еден пратеник од ДУИ и од Алијансата на Зијадин Села, но не гласале ниту Самка Ибраимовски, Ферид Мухиќ, Александар Кирацовски и уште неколку пратеници од владејачката коалиција. За Законот не гласаа ниту од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Законот се изгласа откако во јавноста излегоа снимките и фотографиите за тоа што се случувало со „Дрисла“ и каков отпад влегувал на депонијата, а ги објави Град Скопје откако кончено ја презема контролата врз депонијата во свои раце. Мерката која ја побараа пратеничките Маја Морачанин и Лилјана Поповска од ДОМ, а се однесува на забраната за увоз на отпад, според нивното образложение е во насока за намалување на аерозагадувањето.

Слични содржини