Неколку часа пред да му заврши мандатот еднодневниот министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, осамна на сајтот на Минитерството за внатрешни работи.

Либертас вчера објави дека еднодневниот мандат на Андонов е уште една игра на Груевски.
Андонов ќе биде министер согласно договорот на лидерската четворка најверојатно до вечер, до составување на преодната влада во која министер на полицијата договорено е да биде од Оливер Спасовски од СДСМ.
Според партиски извори Чавков бил повеке заинтересиран за позицијата директор на бирото за јавна безбедност БЈБ а не повторно да биде заменски министер на Спасовски.
За да ги заземе двете битни позиции во МВР директорските на БЈБ и на УБК и во преодната влада ВМРО ДПМНЕ денеска побрза да го ослободи Чавков од министерската позиција а нивниот џокер Оливер Андонов да биде министер само еден ден односно да ги постави вмровските директори на јавната безбедност и на контраразузнавање и од стапувањето на сдсмовецот Спасовски тој да биде заменски министер./Либертас