ФОТО: Истекувањето на метан од гасоводот „Северен тек“ видливо од вселената

од Stefanija Kuzmanovska

Истекувањето на метан од уништените гасоводи Северен тек 1 и 2 било видливо од вселената, а сателитски снимки покажуваат дека тоа е најголемото истекување на метан од една точка досега.

Во моментот на почетокот на истекувањето на гасот од гасоводите, кои според сите проценки биле уништени во диверзии, откриени се сеизмички нарушувања во Балтичкото море. Гасоводите во тоа време не работеле, но содржеле метан под притисок.

Истекувањето на метанот, освен што беше видливо на површината на морето, беше видливо и од сателитите во орбитата на Земјата. Така, приватната фирма „GHG Sat“, која има активни сателити за следење на емисиите на метан од вселената, ја насочила својата констелација сателити со висока резолуција за мерење на истекувањето од гасоводот.

„GHG Sat“ ги задолжи своите радарски и микробранови сателити да добијат мерења со поголеми агли на гледање и успеа да ја таргетира областа каде што сончевата светлина најсилно се рефлектира од површината на морето.

Откриле дека на 30 септември проценетата стапка на емисија на метан од оштетените гасоводи била 79.000 килограми на час. Со други зборови, тоа е најголемото истекување на метан досега откриено од „GHG Sat“ од еден извор.

Следењето на метанот над вода е исклучително тешко, бидејќи водата апсорбира најголем дел од сончевата светлина во инфрацрвените бранови должини на кратки бранови што се користат за далечински отчитувања на метанот.

Ова го ограничува количеството на светлина што допира до сензорот, што го отежнува мерењето на концентрацијата на метан над морето на големи географски широчини.

 

Слични содржини