ФОТО: Лажен „Рејтинг“ за „бомбастични“ наслови во дел од медиумите

од Aleksandar Todeski
397 прегледи

Порталите блиски до опозицијата вчера излегоа со наслов „Анкетата на „Рејтинг“ покажува дека идната влада ќе ја предводи Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“.

Манипулативниот насловни води кон помислата дека се работи за Агенцијата „Рејтинг“, за кога ќе се влезе во текстот објавен од порталите блиски до ВМРО-ДПМНЕ, може да се забележи дека всушност се работи за новоотворен портал „Рејтинг.мк“.

Според официјалните информации, доменот е сопственост на извесен Љупчо Ристески од Прилеп, а кој го купил во ноември минатата година, пред неполни четири месеци.

Нерелевантноста на оваа анкета оди до таму да во неа не стојат ниту бројките за тоа колку луѓе гласале на истата, туку се води само процентуално. Името пак, е одбрано да насочува дирекно кон агенцијата која со години вади релевантни анкети, а се со цел забуна на граѓаните пред изборите.

А.Т.

Слични содржини