Вчера доцна синоќа на Баново брдо во Белград Г.И. (42) се разнесе со рачна бомба. Мажот уште неколку минити по експлозијата бил жив.

678479_banovo-brdo121015ras-foto-rajko-ristic006preview_ff-1-600x400

Како што пишува Блиц, трагедијата се случила во паркот зад зградата во Пожешка улица број 97. Според првичните информации, човекот не бил од овој дел на градот.
Жителите на околните згради велат дека околу 22 часот слушнале силна експлозија.

– Излеговме надвор и видовме сериозно повреден човек, кој од болката викаше. Ние веднаш повикавме брза помош и полиција. Тие набрзо пристигнаа на местото, но човекот по пет минути почина – зборуваа вознемирите соседите.
Тие тврдат дека човекот, пред да ја активира бомбата, се приближил до едно дрво, со цел да спречи „гелерите„ да не повредат некого во околината, а експлозијата го отфрлила неколку метри во далечина.

Слични содржини