Фото: Mинистерката Царовска го испрати своето синче Давид на првиот училишен ден

од Берта Китинска

Mинистерката за образование и наука, Мила Царовска заедно со својот сопруг го испратија нивниот син Давид на првиот училишен час во трето одделение.

Таа во својата објава на „Фејсбук“ му порача:

„Направи го различното интересно и почитувај ги новите правила. Не ја вади маската, држи растојание од другарчињата и често миј раце”- му порачав на син ми Давид, кој денеска започнува трето одделение. Ова е мојата порака и до сите деца кои денеска седнуваат за училишните клупи. Бидете внимателни, заштете се себе, а со тоа ги чувате и сите околу вас. Почитувајте ги наставниците и грижете се едни за други. Оваа училишна година е навистина различна, Ковид ни наметна нови правила. Но, не дозволувајте ништо да ве спречи да продолжите да учите, да се развивате и да ги следите своите соништа. Среќно!

Слични содржини