(ФОТО) Момче не сака да ја наследи империјата на татко му вредна 122 милијарди долари

од Vladimir Zorba
90 прегледи

28-годишниот Ванг Сикон изјавил категорично дека нема да го живее животот на својот татко


Најбогатиот човек во Кина итно бара наследник на империјата вреднат 122 милијарди долари, откако неговиот син рекол дека не сака да го живее неговиот живот. Ванг Џајнлин, основач и претседател на одборот на Dalian Wanda Group, изјави дека 28-годишниот син Ванг Сикон не сака да го преземе управувањето на неговите трговски центри, хотели, забавни паркови и спортски клубови.
“Го прашав мојот син, како планира да ме наследи, а тој ми рече дека не сака да го живее мојот живот”, сп плачење и рече 62-годишниот Ванг во рамките на конгресот на претприемачи, соопшти South China Morning Post.

“Веројатно младите имаат свои предизвици и приоритети. Најверојатно ќе е подобро работите да бидат во рацете на професионални менаџери, а ние само да си седиме во одборот и да гледаме како тие управуваат компанијата “, рекол уште Ванг.

Ванг Сикон е директор во фирмата на татко. Сопственик е на 2% од нејзините акции. Во 2011 година тој ја основал Промитис Капитал која инвестира во Invictus Gaming и Dining Concepts Holdings.

Во мај минатата година Ванг Џуниор купува два Apple часовника за куче. Сликите на кучето со скапи подароци го обиколија кинескиот интернет. Во Кина сличен часовник чини меѓу 800 и 1.300 долари, што е повеќе од месечната плата на просечен државен службеник во голем град. Сикон има 21 милиони следбеници на социјалните мрежи. Студираше во престижен универзитет во Лондон.