128
Албанската новинска агенција (ИНА) попладнево објави фотографии од местото на кое денеска смртно беше застрелан Дилавер Бојку- Леку.
-Ова е местото каде што беше убиен Дилавер Бојку, МВР сеуште без детали, стои во насловот на ИНА, која ги објави фотографиите.
Засега непознато лице во 16.45 часот дошло до Бојку додека тој бил на својата плажа Аква Блу на струшкото крајбрежје. Истрелал кон него неколку куршуми од огнено оружје.
Според првичните неофицијални информации, се работи за крвна освета за убиство сторено од синот и братот на Бојку.
Според очевидци, напаѓачот потоа брзо се качил на моторцикл и побегнал во непознат правец.
Фото – ИНА