ФОТО: Откако грците „ги скараа“, Заев и Димитров се сликаа на семејна дружба

од desk2

Откако неколку грчки медиуми вчера објавија дека во Владата на Република Македонија има поделби околу прашањето за името, денеска премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи се сликаа на заедничка дружба со сопругите Зорица и Наташа.


И двајцата на своите официјални фејсбук профили објавија слики од неделната дружба.

Претходно и Кабинетот на премиерот официјално соопшти дека „Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав на Владата на Република Македонија се на иста, единствена линија. Владата и сите нејзини членови заедно дејствуваат кон исполнување на стратешкиот идентитет на Република Македонија, членство во НАТО и ЕУ и низ тој процес на обезбедување подобар живот на сите граѓани на нашата земја“.

Грчките медиуми пишуваа дека причини за одложување на телефонскиот разговор помеѓу Заев иЦипрас бил министерот за надворешни работи Никола Димитров, кој наводно “почнал да игра лични игри“ во преговорите за името, нешто што предизвикало раздор помеѓу него и премиерот Заев./Libertas

Слични содржини