Кејт Мидлтон привлекува внимание со својата топла и пристапна личност, а нејзините креации зрачат со елеганција и женственост на многу префинет начин. Таа денеска пристигна на специјално дружење во музеј, а за таа прилика од плакарот извади розов фустан кој веќе го видовме.
Со цел да се зближи со Британките и другите жени ширум светот кои на неа гледаат како на модна инспирација, Кејт Мидлтон одлучила почесто да рециклира облека за со сопствен пример да покаже дека нема потреба од прекумерно купување облека. Токму тоа го направи и денеска, а овој веќе виден фустан зрачи со романтика и елеганција.
Принцезата од Велс е позната по одличниот однос со децата, а денеска имаше можност тоа уште еднаш да го покаже. Таа не можеше да го сокрие задоволството бидејќи беше прегрната од група деца од основно училиште кога пристигна во музејот Young V&A во Лондон. Музејот, кој некогаш беше познат како Музеј на детството, официјално повторно ќе биде отворен за јавноста во сабота по тригодишно реновирање од 13 милиони фунти.
За таа прилика Кејт облече розов фустан чиј модел во последно време навистина често го носи.
Фустанот е како кошула со копчиња на предната страна, која е стисната на половината со едноставен ремен кој ги истакнува женствените контури на телото. Покрај тоа, принцезата сака да носи модели кои ги истакнуваат рамениците со лесни надуени ракави, па и овој го следи тој принцип. Повеќето од нејзините фустани имаат такви надуени ракави кои додаваат впечаток на ретро елеганција.
Розевиот миди фустан е дело на лондонската дизајнерка Beulah, а Кејт веќе еднаш го носеше во 2021 година.