ФОТО: Промовирана „Живот во Кутија“ на Томислав Кежаровски

од desk2
101 прегледи

Во преполна сала во Универзитетот ФОН се одржа промоцијата на книгата „Живот во Кутија“ на новинарот Томислав Кежаровски која ја напишал додека осум месеци беше во притвор.


Кежаровски за време на неговиот говор рече дека кога тој и неговите другари од ќелијата, од различна националност, вера и образование, можеле да живеат во осум квадрати, тогаш два милиони луѓе во Македонија би можеле да живеат совршено.

Нагласи и дека не бил затворен за случајот „Ореше“, туку дека во затвор се нашол затоа што „со 5-6 текстаѝ брцнал во око на власта“.

Кежаровски беше обвинет и осуден на 4,5 години затвор за наводно обелоденување на идентитет на заштитен сведок, кој самиот на суд призна дека дал лажен исказ под притисок на полицијата. Помина седум месеци во притвор во „Шутка“ и 15 месеци во куќен притвор.