ФОТО: Пронајдени 381 насади канабис во гевгелиско

од Берта Китинска

На 01.09.2021 околу 20.00 часот на место викано “Жабјак”, атар на с.Негорци, гевгелиско, полициски службеници од Регионален Центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Ј.М.(30) од с.Негорци, С.В.(25) од Гевгелија, В.Л.(21) од Богданци и Х.М.(23) од Гевгелија. При претрес на повеќе локации на наведеното место, полициски службеници пронашле и одзеле 381 насади од растението Канабис сатива, а лицата биле затекнати на местото.

Тие биле приведени и задржани полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини