Претседателот Владимир Путин му го предаде пасошот за државјанин на Руската Федерација на американскиот актер Стивен Сигал, пренесе ТАСС.
За време на состанокот со актерот рускиот претседател потсети дека за оваа намера со Сигал се дискутирало меѓу двајцата веќе некое време.
“Уште од самиот почеток ние разговаравме за тоа дека ако тоа биде исполнето, сè да е апсолутно деполитизира”, потсети рускиот лидер.
Тој додаде дека стекнувањето на руско државјанство ќе му помогне на актерот во реализација на професионалните планови како и при комуникацијата со руските негови пријатели. “Сакам да ви честитам и да изразам надеж дека овој мал гест може да стане знак за постепеното нормализирање на нашите меѓудржавни односи”, изјави Путин.
“Без вашиот потпис, пасошот се смета за невалиден, истакна Путин, при доделувањето на документот на Сегал. Сегал го положи својот потпис на првата страница на рускиот пасош„.