ФОТО: Северина пред операциите – Дали би ја препознале?

од Stefanija Kuzmanovska

Се пишуваше дека пејачката Северина имала операција на носот, очните капаци и усните, а забележлива е разликата меѓу цртите на лицето тогаш и сега.

Познатата пејачка се појави во деведесеттите, но нејзината кариера тргна во нагорна патека на почетокот на 2000.

Низ кариерата ја следеа разни скандали, од експлицитното видео, преку бурна разделба со таткото на синот, Милан Поповиќ, разводот од Игор Којиќ, до тепачка со сопствените сестри. Сега еден профил на Инстаграм објави нејзина фотографија од почетокот на кариерата, на која може да се видат очигледните промени на нејзиното лице.

Може да се заклучи дека Северина сега изгледа помладо отколку на самиот почеток. Иако многумина би ја препознале, евидентно е дека Севе направила одредени интервенции за денес да изгледа вака.

Сепак, Севе призна само една – операцијата на носот.

„Имав операција на носот на 20 години, докторот ме убеди. Што е право, право е“, изјави еднаш хрватската поп ѕвезда за медиумите.

Слични содржини