Шон Пен излегува со ќерката на колегата Винс Д’Онофрио (познат од серијата “Закон и ред”), кој е само една година постар од него.
Страста на 56-годишниот Шон кон долгоногите русокоси е добро позната, но тие едноставно стануваат сè помлади.
Во моментов Пен доживува бурна љубов со 24-годишната Лејла Џорџ, која е ќерка на Д’Онофрио од бракот со австралиската актерка Грета Скаки.
Шон и Лејла ја покажаа врската пред папараците за време на својот одмор во Хаваи.
Згора на тоа, Лејла е дури една година помлада од ќерката на носителот на “Оскар” Долан Пен (од бракот на Шон со актерката Робин Рајт).
Минатата година во мај Шон се раздели со актерката Шарлиз Терон, за која дури и беше свршен. Лејла е првата жена со која тој се појавува по крахот на врската со Терон.

Лејла со татко Винсент. Фото: Instagram

Лејла и Шон. Фото: splashnews.com