Германија го освои шести златен медал од Рио 2016 благодарение на јавањето, но пред доделувањето на германскиот квартет дојде до ужасен инцидент.

На стадионот за јавење во олимпискиот парк Деодоро коњот Космо на Зонке Ротенбергер скокна и го удри сурово во главата Роби Сандерсон-човекот грижи за него, кој веднаш доби прва помош од лекарот на тимот Манфред Гинш. Сандерсон беше одведен веднаш во болница, но сепак се размафта со рацете на публиката, покажувајќи дека повредата кај неговата глава не е толку сериозна.

“Работите изгледаат добро. За среќа не се случи нешто сериозно “, изјави Зонке Ротенбергер.
“Тоа не е ништо, само гребнатинка. Се е во ред, само што ги пропушти наградите “, изјави пак удрниот од коњот Роби Сандерсон.