Корпорацијата Apple ги претстави во калифорниската централа новите смартфони iPhone 7 и 7 Plus.
iPhone 7 ќе чини 649 долари за 32-гигабајтна верзија, а iPhone 7 Plus 749 долари. Смартфоните ќе се продаваат со 32, 128 и 256 гигабајти меморија.
Тие ќе имаат заоблена обвивка од стакло и алуминиум, а исто така и преработено копче Home, кое ќе ја препознава силата на притисокот, како и Taptic Engine.
Графичкиот процесор има два стереодинамични системи и заштита од вода и прашина по стандардот IP 67.
Тие се без претходниот приклучок за слушалки, кои сега ќе бидат поврзани преку портата Lightning. Во комплетот со iPhone ќе има и адаптер за стандардни слушалки.
Покрај тоа Apple покажа безжични слушалки AirPods со чипот W1 и сензори за движење.
Камерата на iPhone 7 доби 12-мегапикселен сензор и оптички стабилизатор на сликата. Сликите ќе се обработуваат со новиот чип iP7. Фронталната камера може да прави слики во HD и има резолуција од 7 мегапиксели.
iPhone 7 Plus доби двојна 12-мегапикселна камера со 10-кратен оптички зум и нов портретен стил на фотографирање.
Водоотпорноста на уредот е уште еден новитет.

Носителите на смартфоните ќе имаат 4 бои како опција – златна, сива, розова и црна.
Apple претстави исто така и нова верзија iOS 10 со големо количество нови функции и подобрени перформанси на говорна пошта и системот Siri.


