Хедер Серна има 21 месеци. Таа сака да позира за слики, но одбива да носи лента на главата, која ќе ја смири нејзината коса. Таа има толку многу од неа врз главата дека нејзината мајка е обвинувана дека и става перика. 33-годишната Нина Серна, која е мајка на Хедер и живее во Сингапур, секој ден се бори со косата на својата ќерка.

Само неколку месеци бебето веќе има неверојатно многу коса. И треба еден час време таа да биде исушена. Кога детето се раѓа, нејзините родители не сметаат дека косата и е нешто спектакуларно. Го промениле мислењето, кога на улица почнуваат да ги запираат случајни минувачи. Повеќето сметаат дека детето носи перика. Нина, која е по потекло од Филипините, додава: “Таа добива толку многу внимание секој пат кога сме надвор. Во супермаркетот, кога сме на вечера во ресторан, па дури и во возот луѓето не запираат”. Дел од нив сакаат да се сликаат со неа. Таа го сака тоа и со задоволство позира што неизбежно предизвикува насмевка на лицата на луѓето, раскажува уште Нина. Жената ја мие косата на ќерка си еднаш на ден и не користи фен. Само трие кога детето ќе излезе од бањата.