“Рамо до рамо против превратот”, скандираат поддржувачите на Ердоган
Камерите ги имаат снимено сирте овие шокантни моменти. Мирни граѓани се спротиставуваат и ги туркаат своите автомобили за време на неуспешниот обид за државен удар во Турција. Луѓето низ главниот град Анкара излегоа на улиците за да се спротивстават на превратџиите.
Тенковите се појавија пред аеродромот на Истанбул, други воени машини ги блокираа влезовите и мостовите во градот.
Во шокантно видео поддржувачи на Ердоган вадат војници од кулата на тенкови и ги фрлаат на земјата, додека скандираат слогани за поддршка на турскиот претседател.
На друг клип се гледа како група мажи викаат против војници во тенкови, распоредени по улиците на турската престолнина.
Трети пак стојат директно пред тенковите во обид да ги запрат
Групи демонстранти одеа градот и протестираа против превратот на војската, извикувајќи: “Рамо до рамо против превратот”..