Војската, која ја зазеде зградата на Турската државна телевизија, отворила оган врз луѓе, кои направиле обид да влезат, пренесува TACC. Локалните медиуми јавуваат дека бил повреден еден човек. Има и непотврдени информации за човечки жртви. Војници стрелале по луѓе кои се обидувале да го преминат мостот преку Босфорот. Тоа го соопштува АФП. Во меѓувреме, турскиот агенерал Јумит Дјундар изјави дека одговорните за случувањата во земјата се “мала група од Првата армија”, командант на која е самиот тој, соопштува “Хуриет”. Дјундар истакна дека се наоѓа во постојан контакт со гувернерот на Истанбул од првата минута на бунтот.

0662235001468621991_551025_600x458

Министерот за правда Бекир Боздаг вети дека обидот на војската нема да биде успешен. “Само во нашите тела”, изјави министерот, кој се заблагодари на политичките партии, дека ја поддржуваат демократијата.

Боздаг ги повика војниците да не извршуваат заповедите на пучстите, додавајќи дека тоа не уим било наредено од главните генерали.

Слични содржини