(ФОТО) Водка и го спаси животот на мачка

од desk2
94 прегледи

Британски ветеринари успеаја да и го спасат животот на мачката Принсес која се отру со течност за сопирачки. Оваа отровна течност и паднала од автомобил и паднала врз крзното додека таа била во градинарска колиба, пишува агенцијата ЈУПИ.

Во обид да ја отстрани хемикалијата, таа со јазик го лижела крзното. Но, 7-годишната Принсес се отрула од содржината – етил гликол.

Сопственичката на животното Тереза ​​Корејра Марија брзо ја одвела до лондонските ветеринари од Син крст. Тие од своја страна одлучиле да го икористат единственото решение, како противотров во вакви случаи се користи – етил алкохол.

Лекарите направиле слаб раствор од вотка и го вмризгале во крвта на Принсес, која по 24-часовна интервенција постепено се враќа во нормалниот живот.