(ФОТО) Запленета дрога вредна 2 милијарди долари крај бреговите на САД

од Vladimir Zorba
76 прегледи

24 тони кокаин се запленети кои биле сместени во неколку брода.


Запленети 24 тони кокаин крај бреговите на САД. Огромното количество дрога е со вредност од над 2 милијарди долари, ако се продава на мало.
Пратката била откриена на неколку бродови, при голема заедничка операција на САД и канадската крајбрежна стража.

Најверојатно тоа доаѓа од Колумбија или Перу. Пакетите се собирани од океанот откако шверцерите ги исфрлиле.