
Хумористични колажи се појавија на интернет. Главен јунак е францускиот претседател. Причината за тоа е официјалниот портрет на францускиот претседател Емануел Макрон, кој предизвика потсмев на социјалните мрежи, кои беа опкружени со негови пародии, пишуваат светските медиуми.
На сликата Макрон позира во својот кабинет, со костум и вратоврска, потпирајќи се на своето биро, а зад него има отворен прозорец во кој се гледаат зеленило и небо.
Од двете страни на прозорецот се ставени француското знаме и знамето на ЕУ. На бирото има часовник, два ајфона и три книги.
На “Твитер” стана популарен хаштагот “#PoseTonMacron”, со кој беа споделени стотици колажи и смешни споредба Членови делеа и овој портрет на кој Макрон е поставен на местото на Леонардо ди Каприо на постерот за филмот “Волкот од Волстрит”.

Еден корисник сподели портрет на кој францускиот претседател позира заедно со групата “Вилиџ Пипл”.

Друг пак направи аналогија со костимот на претседателот, кој потсетува на филмот “Мажи во црно” со Томи Ли Џонс и Вил Смит.

Други, пак, го поставија на Титаник.

А трети го претворија во спортист.

Корисниците открија и сличност меѓу Макрон и херојот Франк Андервуд од култната политичка драма “Куќа од карти”, во која Кевин Спејси игра американскиот претседател.
