(ФОТОГРАФИИ) Сензација: 20 години по смртта на принцезата Дијана општеството ќе види скандали, неверства и секс!

од Vladimir Zorba

Филмот е снимен во периодот 1992-1993 година во палатата Кенсингтон од Питер Сетилoн. Лентата во која принцезата раскажува отворено за личниот живот, е позната на Американците, но во Велика Британија ќе ја видат за прв пат.

Во филмот, кој ќе биде емитуван на 6 август na британскиот телевизиски канал “Kанал 4”, се интервјуирани и најблиските пријатели на принцезата.

Телевизиските гледачи ќе разберат и како поминала средбата на принцезата со нејзината соперничка Камила, и каков впечаток оставил кај неа Чарлс за време на нивната прва средба и што се случило во текот на првите години од нивниот брак.

Од филмот се гледа и реакцијата на кралицата Елизабета II, која е запрашана за совет од снаа како да го спаси бракот со принцот Чарлс, одговара: “Не знам што треба да направиш!”.

Роднините на Дијана инсистираат емитувањето на филмот да биде поништен, но телевизиските раководите него го сметаат за важен историски документ.
Еве кои епизоди успеаја да си навлечат гневот на роднините на покојната принцеза:

Неверството:

“Одбивам да бидам единствениот принц на Велс, кој никогаш немал љубовница”, рекол принцот Чарлс како одговор на обвинувањата на Дијана дека има врска со старата љубов Камила Паркер-Боулз.

Недостатокот на секс:

Како одговор на прашање на авторот на филмот за интимниот живот, Дијана одговара дека спие со Чарлс еднаш на три недели “, пред шест-седум години огнот меѓу нас изгасна конечно”.

Љубовта кон другиот:

Дијана признава дека се заљубила во ожентиот свој телохранител Бари Манаки, но прецизира дека односите немале сексуален карактер.
“На 24 години бев вљубена во човек кој за мене беше сиот свет. Потоа го отпуштија, а потоа го убија. Тоа беше најголемиот шок во мојот живот. Никогаш не сум си играла со огнот. Можеше да се сомневаат, но никој немаше очигледни докази дека сум го изневерила. Три недели откако го избркаа, тој загина … Тој беше најголемиот занес во мојот живот “, признава принцезата.

Интервенцијата на таткото:

Според зборовите на Дијана, таткото на нејзиниот сопруг – принцот Филип, рекол дека неговиот син може да има врска со Камила, ако неговиот брак со Дијана не тргне. Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа заедно со бизнисменот Доди ал Фајед во Париз на 31 август 1997 година.

Слични содржини