(ФОТОГРАФИИ) Цртеж на гола Мона Лиза станува мистерија – дали е дело на Да Винчи!?

од Vladimir Zorba

Цртеж на гола жена, слично на Мона Лиза, може да биде дело на Леонардо да Винчи, објавија француските медиуми.

Експерти од Лувр го истражуваат цртежот направен од јаглен познат како Мона Ванна, за кој се верува дека е создаден во студиото на господинот од Фиренца.

Од 1862 година, големата слика е дел од огромната збирка ренесансни уметности во Музејот на Конде во палата Шантие, северно од главниот град на Франција.

По едномесечни проверки, кураторите од музејот веруваат дека цртежот барем делумно го правел Леонардо.

Претставата на лицето и рацете во цртежот се од извонреден квалитет, рече кураторот Метју Делдик за весникот Фигаро. Речиси сигурно е подготовка за сликата во масло, додаде Делдик.

Рацете и телото, вели специјалистот, се речиси исти како и мистериозното ремек-дело на Леонардо Мона Лиза. Цртежот е речиси со иста големина на Мона Лиза, а малите дупки кои се околу сликата укажуваат на тоа дека тоа може да се копира на платно.

Специјалистот за конзервација Бруно Мотели потврди дека цртежот датира од времето на Леонардо во 15 век. Мотели за весникот Паризиен изјавил дека истражувањата покажале дека тоа не е копија на загубен оригинал, но не треба избрзано да се објавува дека делото е насликана од Леонардо, кој умира во Франција во 1519 година.

Мотели истакнува дека елементи од цртежот над главата на фигурата е нацртан од лице кое ја користи десната рака додека Леонардо бил левичар.

Мотели се надева дека во рамките на 2 години авторството на цртежот ќе биде откриено, па да може да биде вклучена во изложбата во Шантел по повод 500 години од смртта на Леонардо да Винчи.

Цртежот го изучуваат над 10 експерти користејќи различни техники на скенирање и други техники. Досега тие беа концентрирани на воспоставување кога е насликана голата жена – пред и или по Мона Лиза, создадена по 1503.

Цртежот е купен во 1862 од страна на војводата Д’Омaл за 7.000 франка – значителна сума за тоа време, и првично е припишано на славниот уметник. Постепено, сепак, специјалистите почнуваат да изразуваат сомневања за авторството и поверојатно е да прифатат дека се насликани само во работилницата на маестро.

Во збирки во светот има околу 120 слики и цртежи на гола Мона Лиза, но повеќето многу тешко можат да бидат датирани.

Слични содржини