
Британката Наташа Фрид симна 38 килограми, откако една и пол година се откажа од својот омилен мајонез кој го конзумирала во големи количини, објавија англиските медиуми.
28-годишната девојка за првпат се загрижила за својот изглед, кога ја надминала границата од 100 килограми. Таа се исплашила да не го загуби својот пријател кој се повеќе губел интерес за неа.

Одлучила да го промени својот начин на исхрана. Но, бидејќи не сакала прекумерни лишувања, Наташа од менито ги остранила мајонезот и кечапот. Нив ги компензирале со многу овошје и зеленчук.
Исто така ги ограничила и посети на местата за брза храна, како и десерти.
Пред жената дури и не станала свесна колку килограми симнала за 18 месеци, Наташа добила и предлог за свадба.