143
Една недела пред европските избори стотици илјади Европејци излегоа на демонстрации против национализмот.
На демонстрации повика сојузот „Европа за сите“, кому му припаѓаат околу 250 иницијативи. Денес е поважно од кога и да е да се заложиме за Европа која ќе им застане на патот на национализмот и изолацијата, порачаа организаторите. Во Германија се демонстрираше во Берлин, Франкфурт, Лајпциг, Минхен, Штутгарт, Хамбург и Келн, а ширум Европа против национализмот се протестираше во околу 50 градови, меѓу нив и Букуршет, Малме, Утрехт и Виена.
На демонстрациите во Виена е направена и нашата #ФотографијаНаДенот.