Фотографијата од мајката кој ја чисти крвта на нејзиниот убиен син од улицата е најпотресно нешто оваа година

од desk2
90 прегледи

17-годишниот Рихијем Ејнсворт Бартон бил убиен во саботата во околу 18 часот на сред улица во Лондон. Неговата мајка била снимена како ја чисти крвта на убиениот син од улицата, а оваа снимка ги потресла сите кои ја виделе.

Убиеното момче било рапер и член на бандата “Москва 17” од Кенсингтон, која учествувала во насилни судири со ривалите од Пекам.

Бартон со маска на лице се појавил минатата година покрај поранешниот британски ди-џеј Тим Вествуд на рап снимка, која на ЈуТјуб била прегледана повеќе од 170.000 пати.

Бартон, попознат како GB, се наоѓал на листата рапери за кои Скотланд Јард верува дека промовираат насилство и ги предизвикуваат своите ривали на видео снимки, пишува “Daily mail”.

Иако на местото на несреќата му била пружена медицинска помош, тој не преживеал.


Неговата мајка, Претана Морган, е снимена како ја чиста крвта на убиениот син од улицата, каде во саботата бил застрелан во гради. Таа повикала да се стави крај на насилствата меѓу бандите.

Мајката на тинејџерот ја критикувала и полицијата, наведувајќи дека не успеала да го заштити нејзиниот син.

“Не сме заштитени поради полицијата, таа не доведува во опасност. Го сакам телото на својот син за да го однесат дома, на Јамајка, тие можат да го земат британскиот пасош. Не ми треба ништо повеќе од нив”, рекла таа.

“Sky News” наведува и дека ова е 60-то убиство во Лондон од почетокот на годината.