Фотошоп катастрофа на насловна: Три раце, три нозе…

од desk2
116 прегледи

Опра Винфри позираше со Риси Витерспун и Том Хенкс за посебно издание на магазинот „Венити фер“, а се чини дека некој се заиграл со фотошоп.

Насловната страна на „Венити фер“ ја прикажува Опра и Риси како седи покрај неа, а ако добро се загледате ќе видите дека водителката има три раце. Двете покрај неа на нозете, а со една ја прегрнува Риси.

https://twitter.com/Balkanwebcom/status/956818449732337664

Пропустот не е само на насловната. Во сликите внатре на една Риси има дури три нозе.

https://twitter.com/prosyscom_it/status/956798533583196160

Инаку, Опра неодамна се огласи по повод шпекулациите дека може да се кандидира за претседател на САД, велејќи дека нема ДНК за претседател, и дека не е заинтересирана за тоа.