18
Франција денеска соопшти дека ќе продолжи да ѝ обезбедува разузнавачки информации на Украина, еден ден по објавата на САД дека го запираат споделувањето на такви податоци со Киев.
Францускиот министер за одбрана, Себастиен Лекорни, изјави дека Франција ги користи своите разузнавачки ресурси за да ја поддржи Украина, пренесе Ројтерс.
„Франција е посветена на поддршката на Украина и користи различни средства, вклучително и разузнавачки информации, за да ѝ помогне“, нагласи Лекорни.
Министерот додаде дека од вчера, САД официјално го прекинале споделувањето на разузнавачки информации со Украина, но ситуацијата со Британија, која е дел од разузнавачката заедница со САД, останува покомплицирана.