20
Официјалните веб-страници на неколку француски градови беа цел на голем сајбер напад организиран од проруската група NoName05716, која претходно ги нападна веб-страниците на Националното собрание и Сенатот, јавува BFM TV.
По Марсеј и Ница, кои беа нападнати на 31 декември, меѓу погодените градови беа и Нант, Авр, Анже, Бордо, Пау, Тарб и Монпеље.
Веб-страниците на сите овие градови станаа недостапни по нападот, а хакерите го зголемија бројот на барања за намерно преоптоварување на серверите, што не траеше.