Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговата расправија со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа „го остави без здив“.
„Дипломатијата пропаѓа кога партнерите во преговорите се понижуваат пред светот“, изјави Штајнмаер за ДПА, кој исто така нагласил дека никогаш не би ни помислил дека ќе треба да ја бранат Украина од САД.
Штајнмаер истакна дека Европејците остануваат посветени на слободата, демократијата и владеењето на правото. „Мораме да спречиме Украина да биде принудена да се потчини“, додаде тој.
Штајнмаер нагласи дека на Германија итно и треба силна влада за да се справи со кризата. Во Германија пред една недела беа одржани сојузни избори, на кои победија демохристијаните, а нивниот лидер Фридрих Мерц најверојатно ќе стане канцелар. А Роберт Хабек, германскиот министер за економија и вицеканцелар, ја поддржа Украина во саботата, повикувајќи на брзо ослободување од 3 милијарди евра за одбраната на Украина.