Франција ја победи Шпанија со 33:30 во дербито на втората фаза на ракометното СП, во кое силите ги одмерија актуелниот светски и европски шампион, а поуспешна беше селекцијата која триумфираше на последниот мундијал.

Французите постојано имаа водство на средбата во Келн, а на Шпанците не им помогна ни првиот настап на Арпад Штербик кој влета како замена во составот и имаше одличен настап на оваа средба со 11 одбрани.
Мем и Фабрегас со по 6 голови беа најефикасни кај победникот, додека во составот на Жорди Рибера се истакна Соле со дури 11 голови.